Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција кон влезот во Европската унија е „нефер и пристрасен“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
- ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО
- Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
- Месечен хороскоп за октомври! За само три дена ќе пристигне настан кој ќе ја промени судбината на 4 знака
- Земјотрес ја стресе Калифорнија
- Таткото со години ги силувал, а мајката молчела! Браќата брутално ги убиле родителите – грозно е она што полицијата го пронашла во куќата
Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција се наведува дека има „сериозно назадување“ во демократските стандарди, владеењето на правото, човековите права и независноста на судството, пренесува Ројтерс.
„Категорично ги отфрламе неоснованите тврдења и неправедните критики, особено во однос на политичките критериуми и поглавјата за правда и човекови права“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
ЕК изјави и дека Турција не ги почитува принципите на владеење на правото, човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот.
Турското министерство рече дека обвинувањата се неправедни и ја истакна „неискреноста на пристапот на ЕУ и јасниот двоен стандард“, додавајќи дека проблемите со почитувањето на основните човекови права се присутни дури и меѓу земјите-членки на ЕУ.
Апликацијата на Турција за членство во ЕУ е замрзната со години, откако во 2005 година започнаа преговорите со ЕУ за членство.
Анкара ги отфрли критиките на ЕК во претходните години и ги нарече пристрасни, пренесува Танјуг.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.