Турција ослободи поранешни курдски градоначалници

Loading...

Турција ослободи во вторникот група поранешни градоначалници Курди обвинети дека одржувале врски со милитантите, што треба да претставува мал чекор кон ставањето крај на деценискиот бунт на Курдите кои бараат автономија, меѓутоа челникот на бунтовниците изјави дека тој самиот не може да стави крај на судирите.По повеќе од три години минати во затворот, десетина курдски обвинети, меѓу кои се шест градоначалници, биле со одушевување пречекани од нивните семејства по излегувањето од затворот во Дијарбекир, најголемиот град во мнозинскиот југоисток на Турција.Нивното пуштање на слобода се совпаѓа со тврдењата дека се водат мировни преговори меѓу турските власти и Абдулах Оџалан затворениот челник на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во затворот на острови Имрали јужно од Истанбул, каде се наоѓа во изолација откако беше уапсен и грабнат од припадниците на турските тајни служби во Кенија во февруари 1999 година. Во јуни истата година, тој беше осуден на смрт за тероризам и предавство и затворен на островот Имрали во Мраморно Море. Казната подоцна под притисок на меѓународната заедница беше заменета со доживотен затвор без право на помилување. Целта на овие преговори е ставање крај на 28-годишните судири меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во кои загинаа повеќе од 40 илјади луѓе.Одлуката на турскиот суд дојде неколку часа откако братот на Оџалан, Мехмет го посети историскиот лидер на PKK во затворот на островот Имрали, што е една од многу ретките контакти на Абдулах Оџалан со лица надвор од затворот. Мехмет ги пренел зборовите на неговиот брат дека тој самиот не може да стави крај на судирите, пренесува курдската новинска агенција Dicle.„Јас сум овде заточеник… Ако кажам дека ќе го сторам ова или она, тоа не е во ред и не е етички“, рекол Оџалан повикувајќи да му се овозможи контакт со командантите на PKK чии бази се во северен Ирак.„Тие го водат движењето. Не можам да им праќам пораки преку гулаби писмоносци“, рекол Оџалан, според неговиот брат Мехмед.Партијата предводена од Оџалан, во Турција, САД и Европската унија е ставена на листата терористички организации. Таа од 1984 година се бори за автономија на Курдите на дел од турската територија.
МакфаксТурција ослободи во вторникот група поранешни градоначалници Курди обвинети дека одржувале врски со милитантите, што т

loading...