Турција стана партнер на Кина и Русија во Шангајската организација

Loading...

Турција, членка на НАТО, во петокот го потпиша меморандумот за разбирање со Шангајската организација за соработка, блокот во кој доминираат Кина и Русија, и објави дека нејзината судбина е во Азија.„Ова за нас претставува историски ден. Со овој избор, Турција објавува дека ја споделува судбината со земјите од Шангајската организација за соработка“, изјави шефот на турската дипломатија Ахмед Давутоглу во казахстанската престолнина Алмати по потпишување на меморандумот за разбирање со генералниот секретар на Шангајската организација за соработка, Дмитриј Мезенцев.Мезенцев од своја страна изјавил дека овој ден колку што е важен за Турција, толку е значаен и за самата организација и оти очекува Анкара да има голем придонес во асоцијацијата.Кина, Русија и четирите поранешни советски републики централно азиски земји Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, во 2001 година ја основаа Шангајската организација за соработка како регионален безбедносен блок и за да се спротистават на потенцијалните закани од радикалниот исламизам и трговијата со дрога од соседен Авганистан.Зголемен интерес за влегување во Шангајската организација, Турција покажа во моментот која беше загрижена за бавното напредување на пристапните преговори со Европската унија. Имајќи предвид дека Анкара преговорите за придружување во ЕУ ги започна во 2005 година, но досега затвори само едно од 35-те политички поглавја, Турција се сврти кон алтернативната организација.Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган своевремено изјави дека имајќи предвид ти работите со ЕУ не одат добро, како премиер на 75 милиони луѓе одлучил да се заврти кон алтернативите.
МакфаксТурција, членка на НАТО, во петокот го потпиша меморандумот за разбирање со Шангајската организација за соработка, бло

loading...
Loading...