Турција: 4 дена карантин за целата држава за време на Рамазам Бајрам

Loading...

Турција: 4 дена карантин за целата држава за време на Рамазам Бајрам

Турција ќе го дочека големиот иcламcки празник Бајрам под четиридневен карантин, најави вчера турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган. Карантинот ќе започне на 23 мај и ќе важи на ниво на целата држава, со цел да се спречи ширење на коронавирусот за време на големиот верски празник.

Карантинот за Бајрам ќе биде досега најшироката забрана за движење во Турција, каде претходно карантин беше воведен во околу 31 градови.

Во понеделникот, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Турција се искачи на 150.593, со 1.158 нови случаи во последните 24 часа. Досега се регистрирани 4.171 cмpтен случај, според податоците на турското министерство за здравство.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...