Туск: Вие направивте се што се очекуваше од вас, но да бидам искрен нема датум за преговори

По средбата со претседателот Стево Пендаровски во Брисел претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека во изминатите две години Македонија ги испорачала сите прави политички сигнали кои ги очекувала ЕУ, при што централна тема на разговорите бил датумот за отпочнување преговори.
– Вие направивте се што се очекуваше од вас. Но, сакам да бидам искрен, не сите земји- членки се подготвени да ја донесат одлуката за отворање на преговорите во наредните денови. Јас лично верувам дека може да има само една одлука, да започнат преговорите во линија со препораката на Европската комисија и за C Македонија и за Албанија. Прашањето денес не е дали, туку кога. Јас сум пpeтпазлив, бидејќи за постигнувањето на консензус меѓу сите 28 земји- членки на ЕУ е потребно повеќе време, отколку што јас би сакал. Но, нема coмнеж дека местото на вашата земји и целиот регион е во ЕУ, кажа Туск.