Туск на средби со Пендаровски и Заев во Скопје 

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска, во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, престојува во посета на Република Северна Македонија. Туск ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12:15 часот во Владата.
Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

Loading...