Уапсена жена која се обидела да му даде хероин на затвореник

Од командирот на смена во Казнено-поправната установа Затвор-Штип пред два дена било пријавено дека при претрес на 39-годишно женско лице од Скопје, кое дошло на посета кај осуденик, биле пронајдени две најлонски пакувања со хероин, кои биле ставени во кутија од цигари.


Лицето било приведено во полициска станица, а пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading...