Уапсен најдобриот фудбалер на шкотската лига

Loading...

Напаѓачот на шкотскиот фудбалски прволигаш Мадрвил, 29-годишниот Мајкл Хигдон е уапсен набрзо откако му беше врачена наградата за најдобар играч во шкотската лига за оваа сезона.Мајкл Хигдон наградата добиена на свеченоста во неделата навечер во Глазгов ја прославил во ноќниот клуб „Corinthian“, меѓутоа забавата околу 1.30 часот по полноќ била прекината од полицијата поради масовна тепачка.Хигдон, кој инаку е роден во Ливерпул, за најдобар играч е прогласен во изборот на самите фудбалери. Со 26 постигнати голови, тој е најзаслужното за второто место на неговиот клуб кое води во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.Фудбалерот, како што јави BBC Scotland, бил ослободен во притвор во 9 часот истото утро, но сепак била одложена неговата конференција за медиуми која била закажана за 8.30 часот.Портпаролката на шкотската полиција која не сакала да го прецизира идентитетот на приведениот изјавила дека 29-годишниот маж бил приведен во полиција поради дојава за наводен напад во ноќен клуб.Хигдон ја започна својата играчка кариера во англискиот лигаш Кру, а од 2007 година настапува во Шкотска, и тоа прво за Фалкрик. Извесен период настапуваше и за Сент Мирен а од 2011 година е член на Мадервил и оваа, според сопствено признание, е најдобрата сезона во неговата досегашна кариера, заблагодарувајќи им се на соиграчите и на раководството кое имало доверба во него.
МакфаксНапаѓачот на шкотскиот фудбалски прволигаш Мадрвил, 29-годишниот Мајкл Хигдон е уапсен набрзо откако му беше врачена н

loading...
Loading...