Уапсен Ратко Димитровски и двајца осомничени

Loading...

Пред судија во Кривичниот суд се изведени Ратко Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани и сопственик на печатницата „Европа ’92“, бизнисменот Томе Главчев и Коле Смилевски, тројца од деветмината обвинети во новата истрага на СЈО, “Поштенска банка“.
Kако што се вели во нивното соопштение СЈО отворило нова финансиска истрага поради која три лица се приведени, а уште шестмина осомничени. Тие се гонат за извршени кривични дела сторени од 2001 до 2010 година, кога била прибавена имотна корист од 5 милиони евра.
Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во периодот од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
Според СЈО организатори на злосторничката група биле Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија во 2001 година, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, кои со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани. Сепак како што појаснуваат од СЈО, овие лица не можат да се гонат кривично бидејќи кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувње“ е застарено.

 

loading...