Уапсен убиец од Арачиново

Притворен маж од Арачиново, расчистено кривично дело „убиство“На 15.11.2019 Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава донадлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде Б.Р.(28) од с.Арачиново, порадиоснови на сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл.123 одКЗ на РСМ, кое го извршил на 18.08.2019 околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 во с.Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телеснаповреда на З.А.(30) од с.Арачиново, кој на 09.09.2019 во ЈЗУ УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, починал како последица на нанесената повреда.


На 18.08.2019 околу 16:00 часот во с.Мојанци, А. А., брат на починатиот З.А., по краткавербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко напријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје.
По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходнапостапка му одреди мерка притвор.

Loading...