Убиени седум исламистички милитанти на Кавказ

Loading...

Руските безбедносни сили во вторникот ликвидирале седум исламистички милитанти во областа на Кабардино Балкарија, во северен Кавказ, јавуваат руските медиуми.

Тројца милитанти се убиени кога безбедносните сили отвориле оган врз две возила чии возачи не одговориле на барањето да ги покажат своите лични исправи., соопштил за агенцијата Интерфакс извор кој сакал да остане анонимен.
 
Во друг одвоен инцидент уште четири милитанти осомничени за илегално продавање оружје, се убиени во истата провинција, а во операцијата биле уапсени осум лица, дополнил соговорникот на агенцијата од рускиот федерален комитет за борба против тероризмот.
 
Нема податоци за евентуални настрадани во редовите на руските федерални безбедносни сили, а претставници на локалните полициски сили не биле достапни за коментар.
 
Размената на оган меѓу безбедносните сили и исламистичките бунтовнички групи е честа појава на контролните пунктови на патиштата во регионот на северен Кавказ каде што радикалните исламисти прогласија емират.
Макфакс
Руските безбедносни сили во вторникот ликвидирале седум исламистички милитанти во областа на К

loading...
Loading...