Убиен братот на водачот на Земунскиот клан

Loading...

Братот на еден од водачите на Земунскиот клан, Лука Бојовиќ, Никола, беше убиен во понеделник наутро во центарот на Белград, јавуваат српските медиуми.

„Мажот имал прострелни рани во главата, градниот кош, стомакот и подлактицата и затекнат е без свест и со одвај забележливо дишење”, изјави Нада Мацура од белградската Итна помош.
Според неофицијални информации, непознато лице му пришло на Никола Бојовиќ од зад грб и му испукало куршум во тилот, пред очите на минувачите, а потоа додека лежел, испукал уште неколку куршуми во телото.
Никола Бојовиќ и сопругата на Лука Бојовиќ, Барбара беа уапсени на 11 октомври 2012 година со уште 22 члена на криминална банда од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, осомничени за перење пари и трговија со дрога. Тие по три недели биле пуштени од затворот во Аликанте.
Лука Бојовиќ последните 15 месеци се наоѓа во затвор во Мадрид во самица каде што чека екстрадиција во Србија, каде што е осомничен за повеќе убиства.
Макфакс
Братот на еден од водачите на Земунскиот клан, Лука Бојовиќ, Никола, беше убиен во понеделник

loading...
Loading...