Убиен мафијашот “Френки бој“, убиецот непознат

Како што соопшти полицијата шефот на мафијашкото семејство Гамбино, Франческо Кали, познат како “Френки бој“ е убиен пред својот дом на “Стејтен Ајленд“. Агенцијата “Ројтерс“ пренесе дека во 53- годишниот мафијаш се испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот со своето возило и го прегазил мафијашот. Очевидци на инцидентот изјавиле дека непознатиот напаѓач веднаш го напуштил местото на настанот. Како што известуваат медиумите во Њујорк ова е прво убиство на еден мафијашки бос уште од далечната 1985 година.
Мафијашкото семејство Гамбино е едно од петте најсилни италијанско- американски криминални организации во Њујорк. Полицијата се уште не го знае мотивот за убиството, и затоа никој не е уапсен.
Убиениот Франческо Кали, кој во мафијашките кругови беше познат како “Френки бој“, во 2015 година ја презел контролата над семејството Гамбино од Доменик Кефалу.
Најозогласен член на фамилијата Гамбино бил Џон Готи кој во 1992 година беше осуден за 13 убиства и многу други кривични дела, а почина во 2002 година.
Како што е познато со подземјето на Њујорк веќе долго владеат пет мафијашки семејства и тоа – Џеновезе, Гамбино, Лукезе, Коломбо и Бонано.