Убиен најбараниот наркобос во светот?

Loading...

Властите во Гватемала истражуваат дали водачот на мексиканскиот картел Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, најбараниот наркобос во светот, е убиен во вчерашните судири меѓу криумчарите во близина на границата со Мексико.

„Според првичните информации со коишто располагаме можно е Гузман да е убиен“ изјави министерот за внатрешни работи на Гватемала, Маурисио Лопез за локално радио, истакнувајќи дека властите засега не можат да бидат 100 проценти сигурни дека Гузман е убиен.
 Властите во Гватемала велат дека се земени отпечатоци од прсти и фотографии за да се утврди дали најбараниот човек во Мексико е мртов, а податоците се споредуваат со оние со кои располагаат мексиканските власти.
 Портпаролот на владата во Гватемала, Франсиско Куевас изјавил дека двајца или тројца луѓе се убиени во четврток во пукање во џунглата во регионот Патен.
 Ни мексиканските власти засега не можат да потврдат дали Гузман е убиен, а извори од мексиканската војска за АФП изјавиле дека властите се на пат за Гватемала за да се обидат да ги идентификуваат загинатите. 
 Водачот на картелот Синалоа, кој е опеан во баладите на мафијашките пејачи на мексиканска народна музика е уапсен во Гватемала во 1993 година, а се крие откако побегна од мексиканскиот затвор во 2001 година.
 Тој е најбаран човек во Мексико, а САД понудија награда до пет милиони долари за информации кои би довеле до негово апсење.
 Чикаго неодамна го прогласи за непријател број еден, што е „титула“ која пред него ја понел единствено американскиот гангстер Ал Капоне.
 Во Гватемала, покрај Синалое, делува и мексиканскиот Заливски картел. Во пресметките на мексиканските власти со нарко картелите и меѓусебните пресметки за криумчарите од 2006 загинале повеќе од 70.000 луѓе.
Макфакс
Властите во Гватемала истражуваат дали водачот на мексиканскиот картел Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, н

loading...