Убиен сопственик на кафеана во Кичево

Loading...

Сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево вчера попладнето е пронајден мртов во неговиот објект. Како што соопшти МВР во Полициската станица – Кичево телефонски e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул.„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М. С.(64) од Кичево.
Смртта на М. С. е кoнстатирана од Итна медицинска помош, а на местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител.

loading...