Удавени двајца нуркачи на југоистокот на Грција

Loading...

Двајца нуркачи се пронајдени мртви во подводна пештера кај островот Карпатос на југоистокот на Грција. Удавените нуркачи се странци на возраст од 65 и 30 години. Тие нуркале на длабочина од 45 метри во внатрешноста на подводната пештера, а третиот нуркач се вратил на површината поради недостаток на оксиген.
Преживеаниот нуркач пред да излезе од подводната пештера ги барал своите колеги, но не успеал да ги пронајде, по што веднаш ги информирал властите. Нуркачите на грчката крајбрежна стража денеска ги пронашле телата на нуркачите и работат на нивното извлекување од пештерата.

loading...