УЕФА го казни Лацио

Loading...

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Лацио со два натпревари играње пред празни трибини.

Навивачите на Лацио на натпреварот во Лига Европа со Борусија Менхенгладбах, на теренот фрлале пиротехника, а црномурестите играчи на германскиот тим биле мета на расистички пароли. Казната која ја изрече УЕФА е очекувана, бидејќи римскиот клуб бил предупреден, дека во случај на нови навивачки инциденти ќе биде казнет на овој начин. Лацио, во досегашниот дел од сезоната, поради навивачите, на име на казни има платено 180.000 евра.
Макфакс
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Лацио со два натпревари

loading...