УЕФА: Настапот на Дрогба не е спорен

Loading...

Дидие Дрогба имал право за настап на натпреварот Галатасарај-Шалке во осминафиналето во Лигат на шампиони, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Германскиот тим по натпреварот вложи жалба, сметајќи дека Дрогба немал право на настап, но според УЕФА Галатасарај не ги прекршил правилата. Шалке побара мечот да биде регистриран со службен резултат 3:0 во нивна корист. Дидие Дрогба пред еден месец се пресели во Галатасарај од Шангај Шенхуа, за 18 месеци тој ќе заработи 15 милиони евра. Шалке и Галатасарај, возвратниот осминафинален натпревар ќе го одиграат на 12.март на „Велтинс арена“ во Гелзенкирхен. Првиот натпревар одигран во Истанбул заврши со резултат 1:1.
Makфакс
Дидие Дрогба имал право за настап на натпреварот Галатасарај-Шалке во осминафиналето во Лигат

loading...