Ужас во Мексико: Во бунар спакувани во 119 кеси најдени 44 раскасапени човечки тела

Во мексиканската покраина Халиско, полицијата во бунар најде остатоци од 44 човечки тела. Форензичарите за судска медицина во Мексико идентификувале 44 тела пронајдени во бунар во мексиканската држава Халиско, недалеку од градот Гвадалахара. Се работи за човечки остатоци што биле спакувани во 119 црни кеси. Остатоците биле откриени на почетокот на септември кога мештаните почнале да се жалат на смрдеа.
Покраината Халиско е позната по тоа што таму свои седишта имаат најнасилните мексикански нарко картели. Ова е втора голема гробница, пронајдена во регионот годинава.

Loading...