Укината забраната за движење на тешки товарни возила на Стража

Loading...

Од ЈП “Македонија пат“ информираат дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража е укината. Претходно беше укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец крак – Маврово – Дебар.
Инаку, по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат” сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег. Од ЈП “Македонија пат“ известуваат дека нивни дежурни екипи постојано се на терен и сите патни правци ги одржуваат проодни.

loading...