Украина пријави рекорден број на новозаболени: Забрането влегување на странци во земјата

Украина пријави рекорден број на новозаболени од корнавирусот за еден ден – 2.723, соопштија властите. 

Претходниот ден беа пријавени 2.495 случаи на коронавирус, објави Ројтерс.

 Украина забрани влез на странски државјани во земјата до 28 септември и ги продолжи строгите епидемиолошки мерки до крајот на октомври, со цел да се намали големиот број нови случаи на инфекција.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.