Украинската централна банка ја девалвираше гривната за 25 отсто

Украинската централна банка, повикувајќи се на длабоките економски последици од војната со Русија, ја девалвираше гривната за 25 отсто, пренесува Ројтерс.

Украинската централна банка ја девалвираше гривната за 25 отсто

Банката денеска објави дека новиот официјален курс е 36,5686 гривни за американски долар.

Овој потег беше одлучен „со оглед на промената на основните карактеристики на украинската економија за време на војната и зајакнувањето на американскиот долар во однос на другите валути“, соопшти банката.

„Војната трае речиси пет месеци, за време на кои имаше значителни промени, а во такви услови официјалниот курс на гривната на ниво од 24 февруари повеќе не одговара на реалноста и постепено ја губи улогата на сидро за очекувањата“, се наведува во соопштението.

Девалвацијата доаѓа еден ден откако Украина побара од своите доверители да ги замрзнат плаќањата на нејзините меѓународни обврзници на две години, во обид да ги насочи своите намалени финансиски ресурси за да се одбрани од Русија, според Радио Слободна Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.