Украси исполнети со џин се најновиот хит во оваа празнична сезона

Loading...

Украси односно топчиња исполнети со џин се идеја на една британска компанија и не се сомневаме дека ќе бидат вистински хит за претстојната сезона на празничните забави. Иако сме на повеќе од еден месец од божиќните и новогодишните празници, подготовките веќе започнаа.

Покрај тоа што се исполнети со џин, овие кул топчиња се украсени со свилени ленти кои ве оставаат без здив и совршено се вклопуваат во празничната атмосфера. Тие се направени од пластика, благодарение на што не можат да се скршат ако некој од нив случајно ви се лизне од рацете или од елката.


Покрај специфичниот и омилен вкус, привлечноста на течноста во овие топчиња станува сè поинтересна за клиентите. Декорациите изгледаат привлечно, а во исто време се многу практични кога жедни гости доаѓаат во вашиот дом за време на празниците!

loading...