Умерено облачно време со повремен слаб дожд

Времето ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови локален слаб дожд.
Утринските температури ќе се движат од пет до 13 степени, а дневните од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од североисточен правец.


Утринската темература ќе се спушти на 11, а дневната ќе достигне 26 степени.
Утре ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури следните денови ќе имаат тенденција на опаѓање, а дневните на покачување.