Уметничкото лизгање никогаш не било толку секси

Лизгачката Александра Степанова, која го освои сребрениот медал на Европскиот шампионат во уметничко лизгање 2019 во Минск со нејзиниот партнер Иван Букин, исто така ги одушеви обожавателите со фантастичната изведба.

Но, причината зошто во арената светкаа толку многу блицови од камери и мобилни телефони не беше незаборавната изведба, туку модниот избор на Степанова.


Лизгачката ги покажа затегнатите облини во целосен припиен костим во црна боја, изработен од многу провиден материјал и изгледаше заносно на мразот во арената во Минск.
Степанова и Букин раскажаа страстна љубовна приказна на романтичната мелодија, па фановите веднаш реагираа дека ниедна двојка во уметничко лизгање не изгледала толку секси и заводливо досега.


Самата изведба беше смела и впечатлива, но под светлата во арената, провидниот костим на Степанова беше она што ќе остане запаметено.
Корисниците на социјалните мрежи главно беа одушевени, со коментари дека „уметничкото лизгање никогаш не било толку секси“, но некои беа разочарани и рекоа дека изборот на костим е „невкусен“ и дека Степанова изгледала „полугола“.

Loading...