Уморни зад волан сте смртно опасни како кога сте пијани

Loading...

Уморот може да има погубно влијание на способноста за возење, исто како и алкохолот, предупредува Германскиот совет за безбедност во сообраќајот.
Лице кое не спиело 17 часа има намалена способност за реагирање зад воланот, што може да се спореди со возач кој има 0,5 промили алкохол во крвта. По 22 часа без сон, намалената способност за реагирање се покачува на споредбени 1,0 промили алкохол.
Уморот претставува опасност во форма на „микросон“ зад воланот. Возачот кој ги затворил очите само на неколку секунди ќе почне слепо да вози по другата лента. При брзина од 50 км/ч автомобилот поминува оддалеченост од 30 метри за само 2 секунди.
Првите знаци на умор се често прозевање и чувство на тежина на очните капаци. Тоа треба да се препознае како предупредување што ви го дава телото и треба веднаш да реагирате.
Застанете на кратко, раздвижете се, земете длабоко воздух за да го „разбистрите мозокот“. Експертите предупредуваат дека и кафето што најчесто е првиот сојузник против поспаноста и уморот, почнува да делува дури по половина час.

loading...
Loading...