УНГАРСКИ ДЕСНИЧАР ПРЕДИЗВИКА ХАОС, КИЕВ БЕСЕН НА ТРОЧКАИ: Време е Унгарија и Полска повторно да имаат заедничка граница!

Ласло Тороцкаи, лидерот на унгарското екстремно десничарско движење „Нашата татковина“ предизвика вистински хаос во Украина и Европската унија со својата објава на социјалната мрежа Твитер, каде го честита националниот празник на Полска со порака дека е време за двете земји повторно да се граничат, мислејќи на западниот дел на Украина и дека е време тие две земји да ја поделат територијата.

УНГАРСКИ ДЕСНИЧАР ПРЕДИЗВИКА ХАОС, КИЕВ БЕСЕН НА ТРОЧКАИ: Време е Унгарија и Полска повторно да имаат заедничка граница!

Односно, Троцкај ја повика Варшава да ја заземе Закарпатска Украина, која би ѝ припаднала на Унгарија, а Полска да го преземе западниот дел.

Тој на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа како унгарските и полските граничари се ракуваат. Фотографијата е направена во периодот меѓу двете светски војни.

„Господ да ја благослови Полска. Повторно да имаме заедничка полско-унгарска граница“.

Закарпатскиот регион на Украина и припаѓаше на Унгарија до крајот на Втората светска војна, а регионите Лавов, Ивано-Франковск, Тернопил, Ривне и Волинија беа дел од Полска до 1939 година, кога беа окупирани од Црвената армија според Рибентроп – Молотов договор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.