Универзален рецепт за најубави мекици

Со овој рецепт ќе ги направите најубавите и најмеки мекици.
СОСТОЈКИ:
200 мл млеко
1 јајце
300 мл млака вода
40 гр квасец
1 кг брашно
3 лажици масло
3/4 лажичка сол
1 лажица шеќер


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Просејте го брашното и во средина направете вдлабнатина, во која ќе го ставите растворениот квасец во млеко со вода, сол, шеќер и 2 лажици масло.
Замесете средно меко тесто и оставете го да нарасне. Премачкајте го тестото со останатата лажица масло и ставете го во пластична кеса. Тестото држете го во фрижидер. На овој начин, можете да го чувате до 5 дена.