Уникатни прашања за да не бидете здодевни во разговорите

Loading...

Дали живееш за да работиш или работиш за да живееш? Како твојата 10 години постара верзија би реагирала на постапките што ги правиш сега?
За да запознаете некого вистински, треба да ги поставите вистинските прашања.
Иако некои од нив можеби ќе ви изгледаат неважни, тие кријат многу во себе.
Дознајте ја нечија животна филозофија преку вакви прашања:
Дали живееш за да работиш или работиш за да живееш?
Дали работата те прави среќен?


Како твојата 10 години постара верзија би реагирала на постапките што ги правиш сега?
Кој совет би си го дал на помладата верзија од себе?
Кога ќе си кажеш „Браво, успеа!“?
Како се мотивираш во животот?
Како се тешиш откако ќе направиш некоја сериозна грешка?
Која е најдобрата работа што си ја научил во животот?
Колку време минуваш со семејството?
Кои карактеристики ти се најважни кај една личност?
Со кого си најблизок во животот?
Како им покажуваш на луѓето дека ги сакаш?
Што е поважно, семејството или пријателите?

loading...