Ураганот “Доријан“ ги опустоши Бахамите и однесе седум животи

Ураганот “Доријан“ вчера ослабна во трета категорија со ветер од околу 205 километри на час над Бахамите, но опасноста од нов удар се уште постои, јави американската метеоролошка служба. Новиот црн биланс го соопшти премиерот на Бахами, истакнувајќи дека се загинати седум лица, но се очекува бројката да се зголеми. Тој посочи дека се работи за “историска трагедија“ за карипскиот апхипелаг од 700 острови, кој е погоден од исклучително силен ветер и бранови повисоки од островските куќи.

Loading...