Ураган и се заканува на Грција

Циклон кој наликува на тропска бура, која до сабота би можела да се претвори во најсилниот забележан медитерански ураган се развива над Јонското Море. На својата интернет страна „Severe Weather Europe“ денес пишува дека сите модели потврдуваат раѓање на ураган кој би можел да се формира денеска вечер или утре наутро.Постои можност на својот пат во сабота да може да удри на грчкиот брег, а загрозен е и островот Крит. Во недела ураганот би можел да продолжи кон Егејското Море и западните брегови на Турција.
Поради силните ветрови, кои на некои места дуваат и со брзина од над 100 километри на час, сопрен е сообраќајот со траекти помеѓу копното и дел од островите. На страницата „Live from Greece“ пишува дека училиштата на Закинтос, Кедалонија, Итака и Лефкада утре ќе бидат затворени, а траектите кон Кефалонија нема да сообраќаат.
Најсилен ветар се очекува на истокот и западот на Грција, а според неофицијални податоци во Кефалонија веќе се забележани штети на повеќе објекти. Ветрот ги затвори училиштата на островите Андрос, Миконос и Тинос.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.