УРГЕНТНО: Уште 4 работнички во Штип се позитивни, дополнително има и петти случај

Loading...

УРГЕНТНО: Уште 4 работнички во Штип се позитивни, дополнително има и петти случај

Вкупно пет нови случаи на заболени од КОРОНА ВИРУСОТ се регистрирани изминатите 24 часа во Штип. Петтиот случај е заболен кој се смета за нов кластер, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Штип. Со ова Штип станува ново жариште.

Со овие 4 нови заболени, во истата конфекција се регистрирани вкупно 6 заразени работнички од петокот до сега. Фирмата денеска не работи и се известува дека се прават дезинфицирања.

Кризниот штаб на градот поради новава состојба ќе одржи состанок за да се донесат насоки како да се делува во градов натака.

Вчера јавивме:

Две заразени текстилни работнички од Штип се од иста компанија

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...