Уредник на Reuters обвинет за помагање хакери

Loading...

Корпорацијата Thomson Reuters го суспендираше заменикот уредник за општествени медиуми кој е обвинет за помагање на припадниците на хакерската група e Anonymus, соопшти портпаролот на корпорацијата во петокот ноќта.

 
Дваесет ишестгодишниот Метју Кејс, сојузната голема порота во Сакраменто, во американската сојузна држава Калифорнија, го обвини за три кривични дела. Настаните за кои е обвинет се одиграле пред да се придружи на корпорацијата Thompson Reuters.
Њујоршкиот адвокат Тор Икеленд изјави дека е ангажиран да го застапува Кејс, како и дека неговиот клиент тврди дека е невин.
Портпаролот на Thomson Reuters, Дејвид Џирардин го потврди во петокот суспендирањето на Кејс, но не сакал да дава дополнителни изјави.
Кејс е обвинет дека им овозможил на хакерите пристап до компјутерскиот систем Tribune Co во декември 2010 година. Еден од тие хакери набрзо изменил еден од написите на интернет страницата на The Los Angeles Times, се наведува меѓу другото во обвинението.
Во судските документи е наведено и дека Кејс работел за телевизиската станица во сопственост на Tribune Co, уредувајќи ги нејзините профили на социјалните мрежи Twitter и Facebook.
Makфакс
Корпорацијата Thomson Reuters го суспендираше заменикот уредник за општествени медиуми кој е о

loading...
Loading...