Урко со долга коса до рамена (ФОТО)! Има мала промена?

Него сите го знаат под прекарот Урко. И оние што го познаваат и оние што не го познаваат. На пошироката јавност и стана познат како прв човек на обезбедувањето на бившиот премиер на Република Македонија – Никола Груевски. Скопската шема го знае уште од времето, од обезбедувањето на скопските кафулиња и клубови, па се’ до деновите кога стана она што претходно го споменавме. Денес, Дејан Митревски, како што му е вистинското име и презиме, е сопственик на еден од најпознатите фитнес клубови во Скопје и Македонија, фитнес клубот „Магнус”.

Сите што се занимаваат и тренираат со боречки вештини, добро знаат дека Урко е тренер на кик бокс клубот „Шампион” од Скопје, но и претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија.Оние кои го познаваат оддамна, знаат дека Урко грижливо, со години го билдаше телото, но од тинејџерските денови во ликот речиси изгледа непроменето. Најчесто со бричена , „ќелава” глава или со сосема кратка сосичка, со по некое влекно овде и онде на главата. Но, дали е баш така?

Деновиве на социјалните мрежи осамна една фотографија што го тврди спротивното: Урко со коса… и тоа долга коса до рамена! По малку виткана, налик на некои актуелни фудбалери од англиската „Премиер лига” како Давид Луиз од „Челзи” или Матео Гендузи од „Арсенал”, на пример. Урко со својата фризура од тинејџерските денови, на овие двајца слободно може да им биде конкуренција.

Инаку фотографијата самиот ја постирал на својот Инстаграм профил. Истата потекнува од времето на неговите почетоци, кога како млад тинејџер бил член на „Фул – контакт клубот Скопје”, кој тогаш го предводеше, а и ,у бил инструктор на Урко, легендата во боречките спортови кај нас, покојниот Љупчо Неделковски.

Извор: Урко со коса

Loading...