Усмртена мечка на патот Гостивар-Кичево

Loading...

Усмртена мечка била најдена вчера утрото во близина на коловозот од магистралниот патен правец Гостивар-Кичево. Според првичните сознанија од увидот, мечката најверојатно на возраст од 2-3 години била удрена од возило и од повредите угинала. Младата мечка е најдена во непосредна близина на излезот од Гостивар до паркингот кај Здуњски мост.
Случајот бил пријавен во полиција и во Инспекторатот за земјоделие шумарство и водостопанство, по што ќе биде појасно како дивото животно се нашло во непосредна близина на населено место. Не е познато дали на мечката налетало товарно или патничко возило.

loading...