Успешен викенд за пливачкиот клуб „Скопје“

На отвореното првенство во Црна Гора одржано во Подгорица, со наслов “MONTENEGRO OPEN 2022” кое се одржуваше изминатиот викенд на 9-ти и на 10-ти јули, пливачкиот клуб „СКОПЈЕ“ и покрај тоа што настапи во неполн состав, се закити со 53 медали со што заврши како второрангиран клуб со само 4 медали помалку од прворангираните (репрезентација на централна Србија со 57 медали).

Посебно сме горди на пласманот на нашите девојки на 400м слободно: Сара Јанковиќ, Ивана Неделкоска, Јована Неделкоска и Бела Жунгулова, 

потоа и освоените медали во финалните трки на Андреј Стојаноски, на Коста Илија Серафимовски, на бронзата во машка штафета на 4×100м слободно во состав: Стефан Цветкоски, Петар Атанасовски, Андреј Стојаноски и Марко Ѓузиќ.

Бројните медали на нашите пливачи во секоја категорија се гаранција за поголем успех во иднина. Пливачки клуб „СКОПЈЕ“ е клуб со традиција кој 20 години произведува конкурентни пливачи во сите старосни категории.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.