Уставен суд: Нема пари за СЈО!

Loading...

Уставен суд: Нема пари за СЈО!

Стотина вработени истражители, службеници и административни кои останаа во СЈО нема да ги добијат заостанатите придонеси. На денешната седница Уставниот суд ја поништи Уредбата на Владата со која се предвидуваше исплатата на заостанатите придонеси за вработените и трошоци за комуналните услуги. Одлуката следува откако на една од претходни седници, уставните судии решија да поведат постапка за оценување на уставноста на оваа Уредба и времено да ја запрат до конечната-денешна одлука.

Проблемот со исплатата на трошоците започна по оставката и разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“, бидејќи таа беше единствена овластена да ги потпишува налозите.

Еве го интегралното соопштение од таму:

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIV седница (денeс, 14 мај 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да:

– поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

– ја отфрли иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/2020, 102/2020 и 108/2020);

– поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Уредбата чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.80/2020);

– го укине Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019);

– ја поништи Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020 и 112/2020) и го стави вон сила решениете за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбата чија уставност и законитост ја оценува.

Судот го одложи одлучувањето по однос на уставноста на: Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2004, 109/2006 и 157/2007) и Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавни собири за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/20) за некоја од наредните седници.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...