Утре дожд, а еве какво ќе биде времето викендов

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.
Петок: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни врнежи на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: 8°C до 14°C. Максимална температура: 14°С до 21°C.
Сабота: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: 7°C до 13°C. Максимална температура: 15°C до 22°C.
Недела: Променливо облачно со слаб до умерен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минимална температура: 6°C до 12°C. Максимална температура: 13°C до 19°C.

Loading...