Утре Заев ќе се сретне со Пенс

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев утре, 20 септември во Вашингтот ќе се сретна со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
Билатералната средба се остварува на покана на потпретседателот  Пенс, на која и претходеа посети на високи американски претставници како секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис и помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел.
На средбата во пресрет на Референдумот ќе се разговара за напредокот на Р.Македонија кон членството во НАТО, а Пенс веќе му ја ветил на Заев поддршката од САД.    

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.