Утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Loading...

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи утре времето ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови.
Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.

loading...