Утре нов разговор со Ципрас: Дали е можно решение за името?

Loading...

Наша конечна цел е да добиеме фер договор заснован на факти, кој ќе не стави на маса со сите прозападни земји и каде рамноправно, рамо до рамо, ќе го јакнеме нашиот идентитет, ќе ја јакнеме економијата и ќе отвораме перспективи. Веројатно мојот оптизмизам ќе се оствари. Но, конечно ќе биде, кога ќе биде конечно се. Се надевам дека тоа ќе биде утре, рече премиерот Зоран Заев во вечерашната дебата на „Топ тема“ во врска со прашањето за името и денешниот разговор со Ципрас.
Договорот за името, напомена премиерот, е историски, а на Македонија во овој контекст и треба лидерство.
Според Заев, денешниот разговор со Ципрас траел еден час, но утре тие треба повторно да се слушнат.


– Остана утре повторно да се слушнеме, со надеж дека е можно да го направиме исчекорот, информира премиерот, потенцирајќи уште еднаш дека е оптимист.
Негов став е дека Македонија треба да гради пријателството со грција, а во тој дух треба да биде и договорот. Ако покажеме европски манири на решавање проблеми, тогаш дефинитивно ќе ги минимизираме шансите за проблем во евро и НАТО интергациите.
Дебата е по повод една година од работењето на Владата, а премиерот Заев одговара на прашања што ги поставуваат претставници на бизнис и академската заедница, граѓански организации и студенти во врска со досега оствареното, но и потфрленото.

loading...