Утре се жени синот на Брена- свадбата ќе чини 400 илјади евра

Loading...

Пејачката Александра Пријовиќ заедно со синот на Лепа Брена Филип Живојиновиќ утре ќе го кажат судбоносното „ДА“ во Белград.
Српските медиуми на само еден ден пред свадбата објавуваат вртоглави суми кои парот ги има искеширано за свадбената церемонија.


Па така според последните информации за свадбата ќе бидат потрошени близу 400 илјади евра.
За најубавиот ден во нивниот живот семејството не жали пари, па така тие ќе ги исполнат сите нивни желби. Само за декорација на ресторанот тие имаат потрошено повеќе од 70 илјади евра, а освен декоративно цвеќе, луксузни лустери ќе има и дијамантски декорации кои ќе висат на врвот на ресторанот.
На свадбата е планирано да има 900 гости, а 400 од истите ќе допатуваат од различни делови на светот. За истите организирано е и сместување кое семејствата ќе ги чини дополнителни 150 илјади евра.

loading...