Утринава уште едно апсење на скопскиот аеродром

По вчерашното апсење на лице кое се наоѓало на листата со мерка „А“ (апси), уште едно апсење на скопскиот аеродром утринава.
Во 01:00 часот по полноќ на Граничниот премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Ј.С.(30) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Лицето е лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица “Гази Баба“ за спровод до Казнено-поправната установа “Идризово“.

 

Loading...