Утрово во Скопје најзагадено во Центар, Карпош и Ректорат

Loading...

Високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот утрово се регистрирано во скопските мерни места Карпош (128 милиграми на метар кубен ), Ректорат (123) и Центар (113). Средна загаденост има во Миладиновци, Бутел, Битола, Тетово, Кочани, Каварадци и Куманово.
Синоќа во Куманово, Струмица и Битола  беа регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот. Во Куманово присуството на ПМ 10 честичките беше 5 пати поголемо од минималното дозволено, а во Струмица и Битола 4 пати. Зад нив беше Кавадарци со 97 ПМ честички на 100 микрограми, Тетово беше помалку загадено, односно имаше под 100 ПМ честички, Кичево имаше 68, Гостивар 47, Кочани 28.

 

loading...