Утрово два силни земјотреса ја стресоа Турција

Loading...

Два силни земјотреса утринава го погодија регионот околу главниот град на Турција. Земјотресите биле почувствувани во Анкара и во соседните градови.
Првиот потрес бил регистриран во 9 часот утрово по локално време североисточно од Анкара. Неговата магнитуда изнесувала 4.7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во провинцијата Чанкара, североисточно од главниот град, на длабочина од 14 километри под површината на земјата.
Само три минути подоцна во истиот регион бил почувствуван уште еден посилен потрес чија јачина изнесувала 4.8 степени според Рихтер, јави турската Агенција за борба со природните несреќи. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од четири километри под земјата.
Иако двата земјотреса предизвикале паника во населените места во непосредна близина до епицентрите на потресите, до овој момент нема информации за евентуални жртви, повредени или предизвикана материјална штета.

 

loading...