УТРОВО ПОВТОРНО ХАОС: Еве колку време се чека на „Богородица“ за излез од државата

Loading...

На граничниот премин Богородица утрово има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додава АМСМ.
Вчера се чекаше три до четири часа се чека за влез во Грција поради бавно извршување на граничните формалности на грчка страна, а меѓуграничнот простор беше споен со возила од македонска страна.

loading...