УХМР информира до кога ќе имаме високи температури, а кога е можен дожд

Периодот на топло време со натпросечни температури за овој период од годината продолжува. Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, утре минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 23 до 30 степени Целзиусови. И прогнозата и за наредните пет денови е слична.

Loading...