УХМР информира какво време не очекува до крајот на месецов

Loading...

Во земјава денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 25 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне вредност 7.
Во Скопје и околината сончево и топло со утринска температура до 16 степени, а дневна до 36 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, кој од недела ќе го промени правецот во југоисточен. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.

loading...