УХМР со предупредување: Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Loading...

Денес и утре ќе биде особено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (на места и над 10 л/м2 за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.
Нестабилно овој викенд ќе биде и во Скопје и околината, со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме со град. Максималната температура овој викенд во Скопскиот регион се очекува да се искачи до околу 31 степен. Според УХМР, претпладне времето ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7

loading...