Учесник во кружна трка во Кичево почина од срцев удар

Александар Кочевски, автомобилистот почина за време на кружна трка во Кичево, добил срцев удар додека бил во авотомобилот.
“Во последниот круг за нашиот драг колега Александар Кочевски (роден 1961), а круг за ладење на крајот на првиот дел од квалификациите за повеќето од другите возачи во конкуренцијата “Твинго Куп“, Кочевски поради срцев удар со смртни последици, како што не информира лекарскиот тим кој со сите сили се обиде да го реанимира Кочевски во ургентниот центар во Кичево, ја загубил контролата на возилото и бавно завршил во зелениот простор околу патеката. Нашата екипа и судиите, заедно со медицинскиот тим, веднаш пристигнаа на лице место, Кочевски беше итно префрлен во Ургентниот центар во Кичево, каде по долга борба на целокупниот медицински персонал за негово реанимирање, беше констатирана неговата смрт.
Колегите од “Твинго Куп“ нема да ја возат закажаната трка, но трките в недела во другите конкуренции ќе се одржат, а следните трки што ќе се одржат во нашата конкуренција, ќе бидат насловени “Ин Мемориам – Александар Кочевски“ во чест на нашиот драг колега.

 

Loading...